NOVOto-LOGO

Working meeting between the directors of the State Archives of the Republic of Macedonia and the State Agency of Archives of Kosovo

На 11. ноември 2015 година во Скопје се оствари средба меѓу д-р Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија и д-р Рам Манај, директор на Државната агенција на архивите на Косово.

На средбата се разговараше за обликот на соработка меѓу двете архивски институции, што се одвива во рамките на актуелниот договор за соработка, потпишан на 12 февруари 2010 година.

Директорите на двата Архива разговараа и за иницијативата за основање на професионално архивско здружение на Архивите од Југоисточна Европа, во кое би биле вклучени околу 13 национални архиви, а основачкото собрание на ова здружение да се одржи во март или април 2016 година во Скопје.

На оваа средба ѝ претходеше протокол за размена на архивски материјал меѓу двете институции, кој се оствари во октомври оваа година.

Latest posts