NOVOto-LOGO

Kiril Petrov, Director of the State Archives of the Republic of Macedonia visits the State Agency of Archives of Kosovo

Делегација од Државниот архив на Република Македонија, предводена од директорот, г-дин Кирил Петров и д-р Музафер Бислими, заменик директор, на 14 мај 2018 година оствари работна посета на Државната агенција на архивите на Косово.

За време на посетата, директорот на Државниот архив на Република Македонија, г-дин Кирил Петров иг-дин Рам Манај, извршен директор на Државната агенција на архивите на Косово, потпишаа Договор за соработка помеѓу двете архивски институции.

Овој Договор е предвиден во Програмата за работа на Државниот архив на Република Македонија во 2018 година и претставува обновување на претходно потпишан Договор за соработка меѓу овие две архивски институции.

Претходниот, односно првиот Договор за соработка помеѓу Државниот архив на Република Македонија и Државната агенција на архивите на Косово е потпишан на 15 февруари 2010 година.

Во согласност со новиот Договор за соработка, Државниот архив на Република Македонија и Државната агенција на архивите на Косово ќе работат на развивање и унапредување на соработката во областа на архивите, при што соработката ќе биде развивана врз основа на еднаквост и заемен интерес, но и врз основа на финансиските можности и во согласност со националното законодавство, како и меѓудржавните договори.

При потпишувањето на новиот Договор за соработка, г-дин Кирил Петров и г-дин Рам Манај истакнаа дека соработката меѓу двата архива е традиционално добра и дека во иднина ќе работат на нејзино збогатување со нови заеднички проекти.

За време на посетата на Државната агенција на архивите на Косово во Приштина, на делегацијата од Државниот архив на Република Македонија и беше презентиран начинот на работа во архивите во Косово, пред се во областа на дигитализацијата и конзервацијата, но исто така беа запознати и со работата со корисниците на архивскиот материјал, работата во библиотеката и со публикувањето на архивските материјали.

Latest posts