NOVOto-LOGO

CALL FOR COLLECTION OF PROPOSALS FOR PUBLICATION IN 2019

Државниот архив на Република Македонија објавува повик за прибирање на предлози за публикување на:

  • монографии (публикаци што исцрпно обработуваат одреден настан, проблем, прашање, тема или личност од историјата на Македонија);
  • зборници на документи;
  • коментари за одредени историски теми, настани и личности;
  • оргинални трудови од истакнати историски личности;
  • стручни трудови од областа на архивистиката и
  • други публикации релевантни за архивската дејност.

Рокот за доставување на предлозите за публикување е до 14 декември 2018 година.

Комисијата за издавачка дејност при Државниот архив на Република Македонија одлучува дали одреден предлог ќе биде прифатен или не и за истото ги информира доставувачите на предлозите, најдоцна до крајот на јануари 2019 година.

Предлог за публикување до Државниот архив на Република Македонија поднесува авторот (редакторот).

Предлогот треба да содржи:

  • наслов на публикацијата (работен или конечен);
  • име и презиме на авторот или редакторот на публикацијата со кратка биографија, список на претходно објавени публикации и контакт информации;
  • име и презиме на авторот на предговорот (вовед);
  • поговор или коментар;
  • име и презиме на лицето што прави избор на документите (доколку се прави избор);
  • краток приказ на публикацијата;
  • временска рамка за подготовка на публикацијата и
  • заклучок.

Трудот што се поднесува треба да е изработен според вообичаените правила и стандарди за издавање стручни трудови.

Сите трудови треба да се отчукани со македонска поддршка во некоја од програмите на MS Word, снимени во формат на документ (**.doc). Задолжителна е употребата на фонтот Times New Roman. Во текстот големината на буквите е 12 точки, а проредот 1,5. Во белешките големината на буквите е 10 точки, а проредот најмал (single).

Сите заинтересирани своите трудови можат да ги испратат на следната адреса:

Државен архив на Република Македонија

– за Комисијата за издавачка дејност

Кеј „Димитар Влахов“ бр. 19, 1000 Скопје

или во електронска форма на следниот e-mail: info@arhiv.gov.mk

Download: Повик за прибирање на предлози за публикување во 2019 година

Latest posts