izlozbam0010-copy

Григор Прличев – синоним за македонската културна преродба

Во својот шестдецениски живот, Григор Прличев постигнал трајни заслуги за македонската литература и културна преродба во 19 век, чија актуелност допира до наши дни. Како ученик на големиот Димитар Миладинов се стекнува со солидна едукација, а поради приврзаност кон својата земја одбил да биде стипендиран за да го продолжи своето образование на Оксфорд или Берлин.

            Како што се случува често со вонвременските историски личности, и животниот пат на Прличев бил полн со предизвици, бил затворан во затворите во Охрид и Дебар. Но, неговите дела „Сердарот“, поемата „Скендерберг“ и „Автобиографијата“ го овековечуваат придонесот во културното издигнување на македонскиот народ.

            Вториот „Хомер“ е најталентираниот и најобразован писател во македонскиот 19 век на кого со почит се сеќаваме денес, на 130-годишнината од неговата смрт.

izlozbam0010 copy
Дел од кратката славјанска граматика составена од Григор Прличев
izlozbam0011 copy

Latest posts