Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, и раководителот на Секторот за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување на архивски материјал, Светлана Успрцова, учествуваат на 36 конвенција организирана од International Centre for Archival Research – ICARUS.
Годинешното издание е посветено на темата „Highlighting Heritage, Empowering Knowledge – From Archivists to Everyone“, со фокус на:
-Дигиталната трансформација и примената на нови технологии во архивската дејност.
-Современите предизвици и унапредувањето на пристапот до архивското наследство.
-Развојот на архивските системи и зајакнувањето на нивната улога во општеството.
Преку презентации, панели и размена на искуства со учесници од бројни држави, продолжуваме со модернизација и зајакнување на капацитетите на Државниот Архив.
Во рамките на Конвенцијата, директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, и Светлана Успрцова остварија средби и разменија искуства со директорот на Националниот архив на Естонија, Приит Приско, со Биргит Кибал, како и со главниот говорник на Конвенцијата, Лаура Милар, при што беа разгледани актуелните предизвици и можностите за понатамошна соработка во областа на архивистиката, дигитализацијата и заштитата на архивското наследство.




