На вчерашната седница, Владата ја донесе новата Уредба за канцелариско и архивско работење, која претставува значаен исчекор во модернизацијата на системот за управување со архивскиот и документарниот материјал и поставува цврсти темели за поефикасно, поодговорно и современо административно работење.
Особена гордост за Државниот архив претставува фактот што во подготовката на ова стратешки важно подзаконско решение, активно учествуваа негови стручни лица, кои преку својата експертиза, долгогодишно искуство и професионална посветеност, дадоа значаен придонес во изработката на текстот на Уредбата.
Под раководство на директорот, м-р Димитар Богески, Државниот архив уште еднаш ја потврди својата улога како водечка национална институција во областа на архивистиката и доверлив партнер во креирањето на современа архивска регулатива, усогласена со најдобрите европски практики и потребите на јавната администрација.
Со донесувањето на оваа Уредба се воспостави нова правна рамка во областа на архивската дејност, која ги уреди електронското создавање, управување, чување и предавање на архивскиот и документарниот материјал, информацискиот систем за канцелариско и архивско работење, како и Единствениот национален архивски информациски систем.
Благодарност до Владата, институциите, членовите на работната група и сите вклучени лица за нивниот придонес и посветен ангажман во подготовката на Уредбата.
Линк до Уредбата: https://tinyurl.com/arhiv26062026

