NOVOto-LOGO

Information on an exhibition on the occasion of the national holidays 2 August and 8 September

Државниот архив на Република Македонија по повод 8 Септември – Денот на независноста на РМ подготвува изложба со која ќе се одбележи 25-годишниот јубилеј и ќе се презентираат значајни документи и фотографии што се чуваат во нашето депо.

За да ја доближиме изложбата до граѓаните и до сите заинтересирани, во соработка со Македонски железници транспорт АД Скопје, организираме патувачка изложба под мотото „Патување кон независноста“. Прикажаните материјали ќе го опфатат периодот од 1903 до 1991 година, со што покрај Референдумот од 8 Септември се одбележуваат и јубилеите на Илинденското востание, Крушевската Република и АСНОМ.

Изложбата ќе се промовира во патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје – Битола – Скопје, со поаѓање на ден 29 јули 2016 година во 14.30 часот односно на Железничката станица во Скопје во 14 часот. Брендираната гарнитура ќе сообраќа на оваа релација од 29 јули до 8 септември 2016 година.

Latest posts

New Year’s greeting

Државниот архив на своите вработени, соработници и на сите граѓани им ја честита Новата година!

Find out more...