Screenshot_30-6-2026_131559_www.youtube.com

Богески за „Лидер“: Дигитализацијата е наш приоритет

Директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, денес беше гостин во подкастот на Радио Лидер, каде што говореше за актуелните предизвици и идните планови на институцијата.

Во рамки на интервјуто беа опфатени повеќе теми од значење за јавноста. Директорот зборуваше за предизвиците со кои се соочува Архивот во современи услови, нагласувајќи ја потребата од постојано прилагодување кон новите технологии и барања на општеството.

Посебен акцент беше ставен на процесот на дигитализација, кој веќе е започнат во соработка со домашни и меѓународни партнери. Овој процес има за цел да обезбеди полесен пристап до архивските материјали и нивна долгорочна заштита.

Директорот ги претстави и идните планови за развој и модернизација на институцијата, со фокус на создавање современ архивски центар кој ќе биде во чекор со европските и светските стандарди.

Во разговорот беше потенцирана и вредноста на документите што ги чува Архивот, кои претставуваат суштински дел од националното културно наследство и се од непроценливо значење за историјата и идентитетот на државата.

Особено внимание беше посветено на подготовките за големата меѓународна изложба во Загреб по повод денот на независноста 8-ми септември, во чија реализација активно учествува македонскиот амбасадор во Хрватска, д-р Драган Ѓурчевски.

Директорот Богески нагласи дека Државниот архив е отворена институција за сите граѓани и за научната јавност. „Не криеме документи – секој заинтересиран може да поднесе барање и да добие пристап до материјалите,“ истакна тој.

Во своето излагање, директорот ја подвлече мисијата на Архивот да стане национален центар за дигитално архивирање, со цел зачувување на културното наследство и обезбедување полесен пристап за идните генерации.

Latest posts