На 13 и 26 април 2018 година, Државниот архив на Република Македонија го посетија група студенти од Државниот универзитет во Тетово, оддел по историја и ученици од СГСУ Гимназија „Зеф Љуш Марку“ – Скопје. Посетителите беа заинтерисирани да се запознаат со активностите, задачите и функциите на Државниот архив на Република Македонија.
Студентите/учениците ги посетија: секторот за средување и обработка на архивскиот материјал, секторот за заштита на архивскиот материјал во Архивот – Депо, одделение за микрофилмување, конзервација, реставрација на архивскиот материјал-лабораторија, и секторот во истражување, користење, публикување на архивски материјал, меѓународна соработка и АОП – читална и библиотека.