DARSM 1 april 2020

APRIL 1 - DAY OF FORMATION OF THE STATE ARCHIVE

На 1 април 2020 година се навршуваат 69 години од формирањето на Државниот архив и тој ден се одбележува како ден на сите архивски работници.

На 1 април 1951 година, со назначувањето на првиот директор е формиран Државниот архив на НР Македонија, денес – Државен архив на Република Северна Македонија.

The act of establishing the State Archives is one of the most significant events in our recent history, while for our country and our people the Archives provides an original testimony of the state existence and its continuity, as well as for our identity.

Во рамките на Државниот архив работат девет Одделенија, и тоа во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Тетово, кои се формирани во периодот од 1951 до 1962 година.

Државниот архив денес е современа архивска институција со статус и ингеренции на државен орган, со околу 300 вработени лица.

Една од суштинските цели на дејноста на Државниот архив на Република Северна Македонија е да го презема и трајно да го чува јавниот архивски материјал и да обезбедува услови за негово непречено и транспарентно користење.

Во Државниот архив се чуваат 7769 архивски фондови, околу 70.000,00 архивски книги, 382 збирки, мноштво на микрофилмуван архивски материјал, а интензивно се работи и врз дигитализација на приоритетните историски фондови. Најстариот документ што се чува во Архивот потекнува од 12 век, а тоа е Евангелието на Св. Апостол Лука.

Со надеж дека наскоро ќе можеме да го прославиме овој датум со организирање на соодветен настан и презентирање на изложба со архивски документи, на сите архивисти им го честитаме Први април, денот на Државниот архив.

д-р Емил Крстески, директор

Latest posts