Државниот архив организираше трета по ред промоција на книгата „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј Селишчев (историја на една мистификација)“ од доц. д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски. Пред делчевци, на 10 април 2025 година беше промовирано изданието во соработка со НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од страна на авторите и рецензентот, проф. д-р Димитар Пандев од Филолошкиот факултет во Скопје. Поздравен говор на настанот имаше програмскиот директор на Центарот за култура, Методи Толевски и Миле Ѓорѓијоски, директор на меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“. Книгата досега беше промовирана во Скопје и Кочани како дел од заложбата на Државниот архив својата издавачка дејност да ја доближува до читателите од сите градови во Републиката преку соработка со локални институции.


