4

Посета на македонскиот КИЦ и хрватскиот Државен архив во Загреб – нови иницијативи за културна соработка

Вчера, на Меѓународниот ден на архивите, делегација од Државниот Архив на Македонија, предводена од директорот Димитар Богески го посети македонскиот КИЦ во Загреб, при што беше остварена работна средба со директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска.

Средбата и посетата на македонскиот КИЦ во Загреб беа поттик за идни иницијативи и партнерства кои ќе придонесат за афирмација и промоција на македонските културни и историски вредности надвор од границите на државата, како и кон уште поголемо вмрежување и зајакнување на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска

По посетата на македонскиот КИЦ, во текот на вчерашниот ден беше остварена посета на хрватскиот Државен архив и пријатна и конструктивна работна средба со директорот на хрватскиот Државен архив, Динко Чутура, при што беа иницирани и договорени идни заеднички активности и соработки во областа на културата, со посебен акцент на продлабочување на соработката меѓу македонскиот Државен архив и хрватскиот Државен архив, во насока на унапредување на културната дипломатија и понатамошно зајакнување на културните и институционалните врски меѓу двете држави.

Latest posts