На крајот 2015 година Државниот архив на Република Македонија го објави вториот дел од Специјалната едиција на документи верни на оригиналот. Првиот дел од едицијата е објавен по повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември.
Од културното наследство чувано во депото на Државниот архив на Република Македонија во новата едиција се избрани:
Download:
- Свидетелство за храброст, 8 јули 1903 год.
- Одломка од „Цветен триод“ (Пентикостар), крај на XIII век – почеток на XIV век, македонска рецензија, пергамент
- Карта на Македонија од 1913 година, Д. Павле Чуповски
- Законот за Народната влада на Македонија, 16 април 1945 година
- Закон за грбот на НРМ, 27 јули 1946 година
Оваа ексклузивна серија е наменета за промовирање на македонската историја во земјава и во странство. Сите заинтересирани ќе можат да ги набават овие ексклузивни копии по пристапни цени во Државниот архив на Република Македонија и во сите сувенирници ва надлежност на Музејот на Македонија.