2

Учество на претставници од Државниот архив на состанок и работилница на Архивскиот комитет на НАТО

На 20 и 21 мај 2025 година, претставници од Државниот архив учествуваа на состанок и работилница на Архивскиот комитет на НАТО.
            На оваа пролетна сесија на овој комитет, која се одржа во седиштето на НАТО, во Брисел, учествуваа м-р Димитар Богески, заменик-директор, и Светлана Успрцова, раководител на Сектор за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување архивски материјал, кои имаа можност да учествуваат во дискусиите за усвојување нови процедури за декласифицирање на документите произлезени од мисиите на НАТО и да бидат информирани за најновите постапки, кои користат вештачка интелигенција и се применуваат во процесот на средување, обработка, класифицирање и декласифицирање на документите.
           Меѓу останатите теми, на овие состаноци беше дискутирано и за улогата и одговорностите на Архивскиот комитет на НАТО.
           Државниот архив е дел од овие состаноци од 27 март 2020 година, кога нашата држава стана триесетта членка на НАТО.

Најнови објави