ДЕЈНОСТ НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Дејноста на Државниот архив на Република Северна Македонија, т.е. активностите и задачите преку кои се врши и извршува, се дефинирани со Правилникот за внатрешна организација и работа. Одредбите од овој правилник се донесени према светските стандарди (ISAD и ISAAR ) и према светските архивски искуства.
Со овој стандард се дефинирани следните дејности:
- Надзор на архивскиот материјал надвор од ДАРСМ, односно кај имателите на документарен и архивски материјал.
- Заштита на архивскиот материјал кај имателите
- Увид и стручен надзор во состојбата со документарниот и архивскиот материјал кај имателите
- Давање на стручна помош во врска со канцелариското и архивското работење
- Прием, сместување и чување на архивскиот материјал
- Средување и обработка на архивскиот материјал
- Валоризација, средување и обработка на архивските фондови и збирки
- Издавање на архивскиот материјал за средување и обработка или за користење за научни цели
- Обезбедување на физичко – техничка и микроклиматска заштита на архивскиот материјал
- Заштита на архивскиот материјал преку микрофилмување
- Истражување и снимање на архивскиот материјал во земјата и странство заради комплетирање на фондовите на ДАРСМ
- Презентација на архивскиот материјал, организирање на предавања и други облици на културно-образовната дејност
- Издавање на зборници на документи, монографии, научно и информативни средства и дигитални мултимедијални презентации
- Истражување, проектирање и реализација на апликативни софтвери од областа на работењето на ДАРСМ
- Дигитализација на архивскиот материјал кој се чува во ДАРСМ
- Библиотечно работење, т.е. истражување, прием, чување и издавање на весници, часописи и книги и нивна заштита преку реставрација и подврзување