позивница 1.cdr

ИЗЛОЖБА „МЕМОРИЈАЛИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА ВО ФОНДОВИТЕ И ЗБИРКИТЕ НА АРХИВОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА“

На ден 23 септември 2025 година (вторник), во 12 часот во НУ Музеј на Република Северна Македонија ќе биде отворена изложбата „Меморијали од Првата Светска војна во фондовите и збирките на Архивот на Југославија“ на Архивот на Југославија и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата од Република Србија. Изложбата ќе ја отворат проф.д-р Наташа Котлар-Трајкова, директор на Државниот архив, д-р Милан Терзиќ, директор на Архивот на Југославија и д-р Ненад Лајбеншпергер од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата од Република Србија.

Во рамки на настанот ќе бидат промовирани изданија од д-р Живко Аврамовски (1926-2020), историчар од Институтот за современа историја од Белград, роден во с.Непроштено, општина Теарце. Обемниот научен опус на професорот Живко Аврамовски опфаќа повеќе монографии, студии, зборници на документи и преку сто научни трудови.

1

Најнови објави