На 1 октомври 2025 година (среда), во НУ Национална галерија Мала станица свечено ќе биде отворена изложбата „Beyond yesterday“, авторско дело на реномираниот антрополог и професор на Универзитетот во Букурешт, Романија, д-р Каталин Д. Константин. Амбасадата на Романија и Државниот архив на Република Северна Македонија се организатори на овој настан во
рамките на прославувањето 30 години дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Романија. Сите граѓани ќе имаат можност да ја погледнат изложбата до крајот на октомври. На следниот линк се достапни детални информации за биографијата на
авторот и за изложбата: www.beyondyesterday.org
