1000017674

Директорот на Државниот архив присуствуваше на The Economist MeetUp – The World Ahead 2026

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, присуствуваше на настанот „The Economist MeetUp – The World Ahead 2026“, кој вчера се одржа во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје. Настанот свечено го отвори министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, по што следуваа панел-дискусии со истакнати лидери и експерти од бизнис-секторот, институциите и медиумите.

Во рамките на конференцијата беа отворени значајни прашања поврзани со економските и геополитичките предизвици кои ќе го обликуваат светот во периодот што следи.

Посебен акцент беше ставен на важноста на дигитализацијата и примената на современи технолошки решенија како клучен фактор за унапредување на институционалното работење и креирањето ефективни јавни политики.

Присуството на оваа конференција ја потврдува заложбата на Државниот архив за активно следење на глобалните трендови и за јакнење на својата институционална улога во поширокиот општествен и меѓународен контекст.

1000017667

Најнови објави