Новини

Skopski sandjak kaza Adnan Korica

Ново издание на Државниот архив „Османлиски документи за историјата на Македонија, пописи од XIX век на христијанското население, Скопски Санџак – Каза Скопје, 1832/33“

          Државниот архив го објави изданието „Османлиски документи за историјата на Македонија, пописи од XIX век на христијанското население, Скопски Санџак – Каза Скопје, 1832/33“, книга 2, дел 1 од доц. д-р Аднан Шериф како дел од серијата пописи на османлиската држава за Скопскиот Санџак. Овие пописи содржат опширни податоци за машкото христијанско население без разлика […]

Ново издание на Државниот архив „Османлиски документи за историјата на Македонија, пописи од XIX век на христијанското население, Скопски Санџак – Каза Скопје, 1832/33“ Read More »

IMG 9dc460fa41df17a4b532dc4544450736 V

Научноистражувачки престој во главната дирекција на Државните архиви на Република Албанија

        Во периодот од 20 до 25 март 2022 година заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими, заедно со м-р Климентина Ивановска, раководител на одделение и м-р Ирфете Ибраими, в.д. раководител на одделение, е остварена научноистражувачка работа во главната дирекција на Државните архиви на Република Албанија, и беа истражувани повеќе фондови, кои меѓу другото

Научноистражувачки престој во главната дирекција на Државните архиви на Република Албанија Read More »

1

Заеднички проекти со Државната агенција на архивите на Косово

Во рамките на традиционално добрата соработка и актуелниот Договор за соработка со Државната агенција на архивите на Косово, делегација од тој Архив на 28 март го посети Државниот архив во Скопје и оствари средба со д-р Емил Крстески, директор, и проф. д-р Музафер Бислими, заменик-директор.              Делегацијата од Државната агенција на архивите на Косово беше

Заеднички проекти со Државната агенција на архивите на Косово Read More »

3 2

ОТВОРЕНА НЕДЕЛА НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ🏛

📌По повод Први април, денот на македонските архиви и архивисти, Државниот архив ги отвора вратите за граѓаните, кои ќе имаат можност да ги видат нашите нови изданија што обработуваат теми од областа на историјата и архивистиката и изложбите посветени на значајни историски датуми, настани и личности со повеќе оригинални документи и фотографии.📌Од 28 март до

ОТВОРЕНА НЕДЕЛА НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ🏛 Read More »

2

Поставена изложбата „Македонската жена во Големата војна 1914 -1918“ 

„Македонската жена во Големата војна 1914 – 1918“ е наслов на поставената изложба во НУ Музеј на македонската борба со која Државниот архив се вклучува во светското одбележување на 8 Март, меѓународниот ден на жената и денот кога се истакнува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност. Авторката на изложбата користејќи ретка и

Поставена изложбата „Македонската жена во Големата војна 1914 -1918“  Read More »

facebook 1646652310708 6906560373415390647

Меѓународна конференција „RootsTech Connect“

Годинава,  како и претходните две години, директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески и дел од раководниот кадар во оваа институција, учествуваа на виртуелната меѓународна конференција „RootsTech“, која се одржа во периодот од 3 до 5 март. Организацијата на оваа конференција е одговорност на „FamilySearch International“, најголемата генеалошка организација во светот, со седиште во Солт

Меѓународна конференција „RootsTech Connect“ Read More »

ICA logo

Солидарност со професионалците од украинските архиви

Меѓународниот архивски совет (МАС) сака да ја изрази својата солидарност со професионалците од украинските архиви во ова тешко време. МАС ја повикува владата на Русија да не им наштети на професионалците за документарно или културно наследство кои остануваат во земјата, како и да се воздржи од уништување на документарното и културното наследство во однос на

Солидарност со професионалците од украинските архиви Read More »

1

ИКАРУС промовира онлајн-платформа за архивите

ИКАРУС (International centre for archival research – ICARUS) на 22 февруари 2022 година организира онлајн-состанок, ICARUS Jour Fixe #3 за членови и архивски професионалци – надворешни лица. Државниот архив беше претставен со Светлана Успрцова, раководител на Секторот за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување архивски материјал, и со м-р Марјан Гијовски, раководител на Одделението

ИКАРУС промовира онлајн-платформа за архивите Read More »

24323golema

Д-р Јасмина Дамјановска: „Промовирањето на архивските документи за делото на Гоце Делчев е од значење за колективната меморија“

Авторката на изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872 – 2022)“, д-р Јасмина Дамјановска, ја претстави богатата архивска документација со која располага Државниот архив за личноста и делото на оваа значајна историска личност. Притоа, авторката истакна дека Државниот архив е најповикана институција во одбележувањето на јубилејот.

Д-р Јасмина Дамјановска: „Промовирањето на архивските документи за делото на Гоце Делчев е од значење за колективната меморија“ Read More »

4 1

ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ВО ОДДЕЛЕНИЕ ТЕТОВО

По повод 60 годишнината од формирањето и функционирањето на Државниот архив – одделение Тетово, денеска беше отворена изложбата : ,,Документарното богатство на тетовскиот Архив” и беше промовирана книгата: ,,Преглед на национализираните наемни згради и земјиште во градежниот регион на Тетово 1958-1963”, приредена од м-р Младен Матовски. На промоцијата зборуваа директорот на Државниот архив, д-р Емил

ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ВО ОДДЕЛЕНИЕ ТЕТОВО Read More »