galipole2

Информација за симпозиумот „Стогодишнината од Првата светска војна, фронтот кај Чанаккале – нивните глобални последици”

Од 9 до 12 декември 2015 година Државниот архив на Република Македонија во соработка со Генералната дирекција на Државните архиви на Република Турција, под покровителство на претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорѓе Иванов, организира симпозиум на тема „100-годишнината од Првата светска војна, фронтот на Чанаккале и нивните глобални последици“.

Симпозиумот ќе го отвори директорот на Државниот архив на Република Македонија, д-р Филип Петровски и проф. д-р Џезми Ераслан од Институтот за начелата на Ататурк и историјата на обновата на Турција при Универзитетот во Истанбул, а на присутните ќе им се обрати и претседателот на Република Македонија, Н.Е. Ѓорѓе Иванов.

На симпозиумот ќе учествуваат еминентни историчари од Турција, Бугарија, Унгарија, Полска и Македонија.

Темите на сесиите ќе бидат: „Регионот и Светот пред Првата светска војна“; „Неповолните влијанија на Првата светска војна врз народите од регионот“; „Законот за воените злосторства на фронтот на Чанаккале“; „Националните и меѓународните последици од Првата светска војна“; „Македонскиот фронт во Првата светска војна“ и „Фронтот кај Чанаккале од воена перспектива“.

Симпозиумот ќе се одржи во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите на 9 и 10 декември година и на 12 декември 2015 година во Битола, каде што е во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Превземете: Програма за Симпозиумот

Најнови објави

Претставник на Државниот архив, м-р Вулнет Исени, учествуваше на меѓународна конференција посветена на историја на архивите во Општина Тузи, Република Црна Гора

Раководителот на одделението на Државниот архив од Куманово, м-р Вулнет Исени, учествуваше на V меѓународна

Дознај повеќе...
Движете нагоре