saem1

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА

Државниот архив на Република Македонија ќе учествува на 28. Меѓународниот саем на книгата, од 12 до 18 април 2016 година. Архивот ќе ги презентира најновите изданија за познати македонски дејци, ќе изложува публикации од Турските документи, документи верни на оригиналот од Специјалната едиција, објавени по повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември како и најновата монографијата “Државен архив на Република Македонија (1951-2016).

Сите изданија на ДАРМ во време на саемот се продаваат со цени снижени 30 отсто. Работното време на саемот е 10 – 20 часот, а на 18 април 10 – 17 часот. Поединечните влезници на саемот чинат 30 денари, а организираните 20 денари по лице.

sae2

Најнови објави