Поради лошата состојба на објектот на Државниот архив на Република Македонија – Одделение во Штип, во октомври 2017 година, за прв пат беше започнато со негово реновирање. Реновирањето траеше неколку месеци и за време на овој период беше извршено демонтирање на старите прозорци и монтирање на нови (заменети се вкупно 21 прозорец), а теписоните се заменети со нови плочки и ламинат. Извршено е: преградување со врати и гипскартон на внатрешните скали; старата влезната врата е заменета со нова PVC врата и стакло од 3.50 метри; поставено е парно греење со котел на пелети со вкупно 20 радијатори; во 10 канцеларии е отсранет теписонот и поставен ламинат со вкупна површина од 150 м2, а исто така е извршена замена на теписонот со плочки во холот и пред влезот на архивот со плочки, со вкупна површина од 79 м2.
Со реновирањето се постигнаа многу подобри услови за работа во архивот во Штип, а со замената на прозорците и вратите се зголеми и енергетската ефикасност на објектот.