Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, на 14.10.2019 година оствари работна средба со амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. г-дин Сергеј Баздникин. Во разговорот беше потврдена досегашната успешна соработка помеѓу Државниот архив и архивите во Руската Федерација, при што се истакна дека таа соработка може дополнително да се интензивира преку реализирање заеднички иницијативи и проекти, особено од областа на публицистичката дејност и објавување заеднички изданија за историјата на двете држави, подготвени врз основа на архивски документи.
Јавен повик до приватни иматели за подарување архивски материјал
Државниот архив на Македонија, во интерес на имателите и истражувачите од земјата и странство, постојано


