Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески се сретна со раководителката на одделението Скопје, Татјана Алексовска-Сапунџиоска. Во разговорот беа разгледани прашањата поврзани со подобрувањето на условите за работа, со техничкото опремување и со кадровското екипирање на Градскиот архив. Стана збор и за можностите за засилување на безбедноста на објектот и на целото земјиште. Директорот Крстески истакна дека наскоро ќе се набават нови комјутери, безбедносни камери, скенер и копир апарати и дека ќе се обезбедат финансиски средства за поправка на товарниот лифт во одделението Скопје.
Јавен повик до приватни иматели за подарување архивски материјал
Државниот архив на Македонија, во интерес на имателите и истражувачите од земјата и странство, постојано
