RootsTech Connect 2021 logo

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ROOTSTECH CONNECT“

Претставници од Државниот архив, заедно со директорот д-р Емил Крстески, учествуваа на виртуелната меѓународна конференција „RootsTech Connect“, која се одржа од 25 до 27 февруари 2021 година.

Организатор на оваа конференција беше „FamilySearch International“, најголема генеалошка организација во светот, со седиште во Солт Лејк Сити, во Јута – САД, основана уште во 1894 година како Генеалошко здружение на Јута.

„FamilySearch“ е невладина и непрофитна организација, посветена на собирање, чувување и споделување документи од целиот свет, кои се однесуваат на семејните истории.

„FamilySearch“ соработува со имателите на архивски документи со цел да им помогне при заштитата на граѓанските документи за евидентирање, црковните документи, документите од пописи, воените документи, семејните истории, локалните истории и други видови документи, а преку нивните центри, кои ги има околу 4.600 низ целиот свет, овозможуваат пристап до дигитализираните документи.

Конференциите „RootsTech“ сѐ до минатата година се одржуваа во Солт Лејк Сити, а бројот на учесниците на овие конференции растеше од година во година, за изминатите неколку години да се приближи до 100.000.

Првата конференција „RootsTech“ надвор од Соединетите Држави, се одржа во ноември 2019 година во Лондон, Велика Британија, и на неа учествуваа скоро десет илјади учесници.

Конференцијата „RootsTech“ е од посебен интерес за сите оние што се занимаваат со истражување на семејната историја или оние што се заинтересирани за составување семејно стебло со имиња, датуми, места, фотографии, аудиоснимки и настани.

Една од сесиите на конференцијата оваа година беше наменета за архивската заедница, а беше организирана и тркалезна маса за архивистите од Европа, на која беше презентирана соработката на „FamilySearch“ со архивите во Европа (Италија, Финска, Португалија, Шпанија, Германија и други.)

Годинешната конференција „RootsTech“ ја отвори генералниот менаџер на „FamilySearch“, г. Стив Роквуд, а на неа зедоа учество претставници од повеќе од 200 земји и територии, темите беа презентирани на 11 јазици и беа организирани во повеќе од 1.500 сесии и девет категории, од кои повеќето може да се најдат на следниот линк:

Nick and Will Keynote: Hope, Strength, and Inspiration • RootsTech Connect 2021 • FamilySearch

Најнови објави

Претставник на Државниот архив, м-р Вулнет Исени, учествуваше на меѓународна конференција посветена на историја на архивите во Општина Тузи, Република Црна Гора

Раководителот на одделението на Државниот архив од Куманово, м-р Вулнет Исени, учествуваше на V меѓународна

Дознај повеќе...
Движете нагоре