Лист 2

Збирка:Апокрифен зборник
Сигнатура:АМ М-II-2
Вид:Архивски материјал
Период:IV век
Форма:електронска
Формат:image / TIFF
Лист бр:2
Димензии:21 х 14 cm.
Оригиналност:оригинал
Хартија:Ракописот е пишуван на хартија со димензии 21х14 см., на 64 листови, кои се доста трошни, оштетени и измастени. Зборникот нема почеток и крај. Најмногу оштетени се 4-от и 44-от лист. На 14-от лист му недостасува горната третина со 7 редови текст. Од 44-от лист останато е само мало парче – долната маргина со еден и половина ред текст. Според налепената хартија, ракописот бил реставриран во XVII век. Тогаш листовите биле исечени од сите страни и врамени со ленти од нова хартија. Споменикот се јавува без орнаментика и посебна подврска. Апокрифот на Афродитијан Персијанец започнува на 11-от лист, а завршува во почетокот на 16-от лист. Насловот е напишан со црвено мастило, но е доста избледен и нечитлив.
Писмо:Страниците имаат по 23 реда, испишани со уставно писмо, кое покажува особености карактеристични за XIV-от век.
Водени знаци:„круша“ и „лак со стрела“.
Содржина:Текстот на ракописот ја дава целосната апокрифна историја за настанатото чудо во Персија и за раѓањето на Исус Христос, во чија основа влегува библискиот расказ за раѓањето на Спасителот.
Извори:
– Антиќ Вера, Необјавен апокрифен текст од XIV век, Јубилеен годишен зборник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, Скопје, 1972/73, стр. 261-268.
– Апокрифен зборник, српска рецензија, трета четвртина на XIV век, Словенски ракописи во Македонија, книга 1, Архив на Македонија, Скопје 1971, стр. 333-335.
Место на чување:Државен архив на Република Македонија – Централно одделение
Изработил:Емилија Роп