| Збирка: | Апокрифен зборник |
| Сигнатура: | АМ М-II-2 |
| Вид: | Архивски материјал |
| Период: | IV век |
| Форма: | електронска |
| Формат: | image / TIFF |
| Лист бр: | 51 |
| Димензии: | 21 х 14 cm. |
| Оригиналност: | оригинал |
| Хартија: | Ракописот е пишуван на хартија со димензии 21х14 см., на 64 листови, кои се доста трошни, оштетени и измастени. Зборникот нема почеток и крај. Најмногу оштетени се 4-от и 44-от лист. На 14-от лист му недостасува горната третина со 7 редови текст. Од 44-от лист останато е само мало парче – долната маргина со еден и половина ред текст. Според налепената хартија, ракописот бил реставриран во XVII век. Тогаш листовите биле исечени од сите страни и врамени со ленти од нова хартија. Споменикот се јавува без орнаментика и посебна подврска. Апокрифот на Афродитијан Персијанец започнува на 11-от лист, а завршува во почетокот на 16-от лист. Насловот е напишан со црвено мастило, но е доста избледен и нечитлив. |
| Писмо: | Страниците имаат по 23 реда, испишани со уставно писмо, кое покажува особености карактеристични за XIV-от век. |
| Водени знаци: | „круша“ и „лак со стрела“. |
| Содржина: | Текстот на ракописот ја дава целосната апокрифна историја за настанатото чудо во Персија и за раѓањето на Исус Христос, во чија основа влегува библискиот расказ за раѓањето на Спасителот. |
| Извори: | – Антиќ Вера, Необјавен апокрифен текст од XIV век, Јубилеен годишен зборник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, Скопје, 1972/73, стр. 261-268. – Апокрифен зборник, српска рецензија, трета четвртина на XIV век, Словенски ракописи во Македонија, книга 1, Архив на Македонија, Скопје 1971, стр. 333-335. |
| Место на чување: | Државен архив на Република Македонија – Централно одделение |
| Изработил: | Емилија Роп |

