312000132_430607505897491_6958210161084839501_n

ДОГОВОРЕНА СОРАБОТКА СО СТОПАНСКАТА КОМОРА

На денешната работна средба меѓу директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и извршниот директор на Стопанската комора, м-р Антони Пешев, официјално беше договорена соработка меѓу овие две државни институции.

Притоа е усогласено мислењето дека наскоро треба да биде потпишан и Протокол за соработка во областа на заштитата и транспарентноста на значајните документи и материјали од нашите институции кои се однесуваат на економско-стопанскиот развој на Македонија од почетокот на минатиот век до денес.

Ова е значаен проект што треба да се реализира во наредните неколку години и да послужи како валидна основа за идни севкупни научни истражувања и анализи за историско-економскиот развој на Македонија.

312000132 430607505897491 6958210161084839501 n
312259887 430607549230820 5684210676436570561 n
311713757 430607445897497 2729090343718745443 n

Најнови објави