FB_IMG_1681988672983

ДОНАЦИЈА НА СЛОВЕНИЈА ОД 218.000 ЕВРА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ 

Во Министерството за економија, туризам и спорт на Република Словенија, денеска е потпишан Договор за донација од 218.000 евра наменети за реализација на процесот на дигитализација на историските документи и архивските материјали во Државниот архив на Република Северна Македонија. Овој процес не е само потребен за нивна трајна заштита и трајно зачувување, туку и за нивна поголема транспарентност и достапност за сите оние што се интересираат за нашата историја. 

FB IMG 1681988672983

Овој Договор во Љубљана официјално го потпишаа директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и директорката на словенечкиот Центар за меѓународна соработка и развој, Мојца Копше.

Донацијата на Словенија опфаќа скорешна подготовка на Студија за потребите за имплементација на процесот на дигитализацијата, анализа на сегашната состојба во врска со овој процес и на поврзувањето на деветте одделенија со Централниот дел на Државниот архив, како и обука на кадри за спроведување на дигитализацијата според европски стандарди и норми. 

FB IMG 1681988681839

,,Словенија е наша пријателска земја, која ја чувствуваме како еден вид мост кон Европската унија и нејзината поддршка и нејзините искуства се секогаш корисни и добредојдени за забрзување на нашата евроинтеграција. Така е и во случајот со процесите на дигитализацијата на целата администрација, вклучувајќи го и Државниот архив, на што во своите програмски цели инсистира и Владата на Република Северна Македонија и премиерот, Димитар Ковачевски, кој неодамна изјави дека тоа е неопходен чекор за наш забрзан од кон Европската унија. Сакам, исто така, да подвлечам дека подадената рака од страна на Словенија во таа насока е од големо значење за Државниот архив, кој ќе ги користи искуствата и методите за дигитализација на словенечкиот Државен архив, а кои се во рамките на европските вредности и на потребите за интензивирање на нашата евроинтеграција”- изјави по  потпишувањето на Договорот, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.

FB IMG 1681988679126

Директорката на Центарот за меѓународна соработка и развој, Мојца Копше, пак, нагласи дека по заокружувањето на Студијата за дигитализација и анализата на работата на Државниот архив на Северна Македонија во таа насока, ќе се помине и кон втората фаза од проектот што подразбира објавување јавен оглас за учество на фирми кои ќе ја преземат и целосната реализација на процесот на дигитализација, а врз основа на Студијата и анализата ќе треба да се обезбедат и дополнителни средства од меѓународни финансиски институции.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...