Со традиционалното палење на поетскиот оган и со изведбата на прсната ,,Т’га за југ”, Во Струга по 32-ри пат почна меѓународната манифестација – ,,Струшки вечери на поезијата”, која што ја отвори министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. На првата вечер, наречена: ,,Поетски меридијани” се претставија 25 поети од светот и од РС Македонија, а утре на програмата е поетскиот портрет на лауреатот на наградата ,,Златен венец”, Влада Уроевиќ. Во рамките на Струшките вечери на поезијата ќе се одржи свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот, Ацо Шопов, а ќе се одржат и портрети на добитникот на наградата: ,,Мостови на Струга”, Гевин Бредли и на добитникот на наградата ,,Браќа Миладиновци”, Димитар Башевски.
,,Државниот архив е нераскинлив дел од Струшките вечери на поезијата, кој ја чува и дигитализира целокупната архива на оваа светска културна манифестација и тоа е процес на соработка кој и натаму ќе продолжи” – изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.