На 1 ноември 1878 година, водачите на Албанската лига на Призрен се приклучија на Собранието за да побараат автономија на земјата од Отоманската Империја. Собранието го водеше Илјаз-паша Дибра. Во Собранието како претставник на Албанската лига за Јанинскиот Вилает, учествуваше и Абдил Фрашери, кој ја подготвил резолуцијата што требало да му биде доставена на султанот во Истанбул. Резолуцијата ги содржеше петте точки кои беа изнесени во програмата на Истанбулскиот комитет: формирање на вилаетот на Албанија, создавање администрација со албански службеници, развој на образованието на албански јазик, спроведување на реформите од страна на Големото национално собрание, распределба на значителен дел од буџетот за унапредување на образованието на албански јазик. Во резолуцијата беше наведено дека делегација составена од истакнати личности на Албанија ќе добие писмена согласност од сите албански санџаци и кази и ќе ја достави резолуцијата во рок од 1 месец до Високата порта. Во оваа делегација учествуваа: Илјаз-паша Дибра, Шех Мустафа Тетова, Хасан-паша Призрени, Мустафа-паша Валона, Абедин-бег Дино, Мехмет Али Вриони, Сабри Ѓирокастра, Михаил Кристо, Абдил Фрашери итн. Резолуцијата беше претставена на Високата порта на почетокот на февруари 1879 година.
Јавен повик до приватни иматели за подарување архивски материјал
Државниот архив во интерес на имателите и истражувачите од државата и странство постојано презема