На 22 јануари 2025 година (среда) во 12:00 часот во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани ќе биде промовирано изданието „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М.Селишчев (историја на една мистификација)“ од еден од авторите, д-р Бранислав Светозаревиќ.
После промоцијата ќе биде отворена изложбата „АСНОМ-израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“ од д-р Јасмина Дамјановска, една од авторите. Изложбата ќе биде поставена во библиотеката до 1 февруари 2025 година при што ќе може да ја посетат сите заинтересирани граѓани.
Настанот се реализира врз основа на меѓуинституционалната соработка меѓу Државниот архив и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.
