Arhiv

Архивот во ново светло – доверба, развој и иднина

Целите на новото раководство на Државниот архив на Македонија, предводено од директорот м-р Димитар Богески, се отвореност и транспарентност уште од првиот ден на мандатот.

Во првите три месеци беа реализирани низа значајни активности кои ја зацврстија институцијата, и го поставија темелот за долгорочен развој. Овие чекори не само што обезбедуваат подобри услови за вработените и истражувачите, туку и ја позиционираат архивската дејност како современа, достапна и меѓународно релевантна.

Покрај наведените активности, особено значајни се:

Санација на старото депо на Државниот архив, со што се создадоа функционални и безбедни услови за работа, како и ставaње во функција на канцелариски простории за истражувачите и вработените.

Санација на Подрачното одделение Битола, вклучително и подобрување на просторните и техничките услови за работа на вработените.

Воспоставување и регулирање на работната дисциплина, со јасни правила и зголемена одговорност во извршувањето на работните обврски.

Реализација на унапредувања на вработени, први по подолг временски период, со што се мотивира и вреднува професионалниот ангажман.

Обуки на вработените, со цел унапредување на стручните знаења, професионалните вештини и ефикасноста во извршувањето на работните задачи.

Зајакнување на меѓуинституционалната соработка со домашни и меѓународни институции, во насока на унапредување на архивската дејност.

Интензивирање на носечката дејност на Архивот – истражување, средување и обработка на архивскиот материјал, со посебен акцент на тимската работа и координацијата меѓу одделенијата.

Активно вклучување на подрачните одделенија во работните процеси и носењето одлуки, преку редовна комуникација, работни средби и отворен дијалог, при што се слуша гласот и предлозите на сите вработени, со цел заедничко унапредување на работата на Државниот архив.

Покрај веќе реализираните активности, во тек се:

Санација на Подрачното одделение Скопје, со цел подобрување на просторните и техничките услови за работа на вработените.

Дигитализација на архивски материјал со цел негова долгорочна заштита, поголема достапност и унапредување на современото архивско работење

Рационализација на депото во Државниот архив, како и во депоата во подрачните одделенија. Со цел унапредување на организацијата и поефикасно користење на просторните капацитети.

Соработка со факултетите за реализација на практични вежби и настава за студенти со цел поврзување на теоријата со практичната работа и поттикнување интерес за архивската дејност.

Активности поврзани со процесот на сукцесија на архивскиот материјал од поранешна СФРЈ, во насока на заштита, преземање и уредување на архивското наследство од државно значење

Сите проблеми не може да се решат преку ноќ. За секој процес е потребно време, посветеност и континуирана работа.

Она што е најважно е дека е поставен јасен правец – Архивот да биде институција која гради доверба, обезбедува стабилност и се развива во чекор со современите предизвици.

Arhiv e1770966537474

Најнови објави