web strana

Личен фонд на истакнатиот урбанист и архитект Љубе Пота примен во државниот архив

Вчера, во Државниот архив беше примен личниот фонд на Љубе Пота, истакнат урбанист и архитект од Скопје, кој остави траен белег во македонскиот и светскиот урбанизам.

Фондот е преземен од неговиот син Владимир Пота, архитект од Скопје, и претставува исклучително богат архивски материјал што ја отсликува неговата повеќедецениска професионална дејност.

Љубе Пота активно учествувал во обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година, во соработка со архитектот Кензо Танге, и е еден од авторите на централното градско јадро на Скопје. Како експерт ангажиран од Обединетите нации, работел на обнова на разрушени градови ширум светот, меѓу кои Никозија, како и подрачја во Перу, Никарагва и Египет.

Бил учесник во НОБ, а во својот долг живот од 97 години извршувал значајни функции во областа на урбанизмот и архитектурата.

Богатиот архивски фонд ги содржи документите од неговата професионална и револуционерна дејност, како и сите стручни трудови.

Со приемот на овој личен фонд, Државниот архив добива драгоцено сведоштво за историјата на македонската архитектура, урбанизам и меѓународната експертска соработка во втората половина на 20 век.

web strana

Најнови објави