оваа

Утврдена содржината на 15 број на научното списание „Записи“  на Историскиот архив Пожаревац

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, учествуваше на седницата на Меѓународниот редакцискиот одбор на списанието „Записи“, што ја организираше Историскиот архив Пожаревац, на која беа разгледани повеќе од 50 научни трудови, од кои 33 ќе бидат објавени во 15. број на списанието, чие објавување е предвидено до крајот на годината.

Во работата на Редакцискиот одбор од Државниот архив членуваат м-р Димитар Богески и Светлана Успрцова, со што се потврдува активното учество на нашата институција во развојот на научната и стручната соработка во областа на архивистиката на регионално ниво.

Во рамките на посетата беа реализирани и работни средби со директорот на Архивот на Србија, д-р Мирослав Перишиќ, директорот на Институтот за историја во Белград, д-р Александар Растовиќ, како и со директорката на Архивот на Босна и Херцеговина, Даниела Мрда. На средбите беа разменети мислења за продлабочување на меѓуинституционалната соработка, заеднички научни проекти и унапредување на архивската дејност во регионот

2
3

Најнови објави