c844b107-05ea-43a3-8588-38d7e98ed321

Средба со амбасадорката на Израел во Подрачното одделение на Државниот архив во Битола

Вчера, во Подрачното одделение на Државниот архив во Битола, директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, оствари средба со амбасадорката на Израел, Н.Е. Вивиен Аисен. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во областа на архивската дејност.

Посебен акцент беше ставен на архивските материјали кои сведочат за богатото историско присуство и значајната улога на еврејските заедници во Битола, како и за животот и работата на еврејските семејства кои со векови биле составен дел од градот. Во рамките на посетата беа презентирани фотографии од архивскиот фонд „Браќа Манаки“, како и пергаменти и други вредни документи од фондот „Збирка битолски Евреи“. Презентацијата на архивските материјали ја реализираа раководителот на Подрачното одделение на Државниот архив во Битола, Гоце Стојановски, и Димитар Ѓорѓиевски.

Средбата ја потврди заедничката заложба за унапредување на меѓуинституционалната соработка и за зачувување, проучување и промоција на архивското наследство.

Најнови објави