Следејќи ја заложбата за развивање свест за значењето кај најмладите, Државниот архив неодамна го публикуваше прирачникот „Архивот – врата кон историјата (архивска едукација)“ од авторите Назмије Куртиш, м-р Билјана Крстевска и м-р Марјан Гијовски. Ова е прв прирачник од ваков тип, кој преку соодветен методолошки пристап и илустрации ја прикажува дејноста на Државниот архив и одговорностите на архивистите во денешницата. Архивите се средишта во кои најмладите градат однос кон културно-историското минато и се ризница на знаења.
Наша обврска е да поттикнуваме прифаќање на архивската професија кај учениците бидејќи документарното наследство е темел на државата.
Издавач на прирачникот е м-р Димитар Богески, директор на Државниот архив, уредник, д-р Васко Дукмеџиев и рецензент м-р Љупка Андов.
