tanec1

Архивот и „Танец“ со заедничка мисија за афирмација на македонската традиција

Денес, директорот на Државниот архив м-р Димитар Богески и директорката на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, Весна Митевска, остварија средба на која потпишаа Договор за соработка. Со овој договор се воспоставува соработка во насока на зачувување, промоција и афирмација на културното и историското наследство на Македонија, организирање заеднички настани и активности, со цел богатата архивска и фолклорна традиција да се доближи до јавноста.

Најнови објави