Денеска Државниот архив потпиша меморандум за соработка со Академијата М22.
Целта на овој меморандум е воспоставување и развивање на партнерство во областа на организирање и реализација на обуки, едукативни програми и други активности за градење капацитети, како и за личен и професионален развој на вработените во Државниот архив.
Вработените се центарот на нашата институција – нивниот развој е воедно и развој на Архивот. Со нивната посветеност и знаење ја градиме иднината на архивската дејност, обезбедувајќи современи услуги и поголема достапност за граѓаните.
Овој меморандум претставува чекор напред кон создавање динамична и иновативна средина, каде што вложувањето во луѓето значи вложување во иднината на нашата институција и во културното наследство на државата.

