4

Потврдена добрата соработка меѓу архивите на Македонија и Хрватска

По повод Меѓународниот ден на архивите, минатата недела се одржа билатерален состанок помеѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во Загреб. На средбата учествуваа м-р Димитар Богески, директор на Државниот архив, Светлана Успрцова, раководител на сектор, Тулај Адеми, советник, како и директорката на Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб, г-ѓа Мими Ѓоргоска Илиевска. Тие разговараа со д-р Динко Чутура, директор на Хрватскиот државен архив, и неговиот заменик Јозо Ивановиќ.

Предмет на дискусија беа можностите за продолжување на истражувањата на архивски материјал поврзан со историјата на Македонија што се чува во Хрватскиот државен архив, заедничко организирање на изложби и имплементацијата на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, кој се однесува на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ.

По иницијатива и заложби на македонскиот амбасадор во Република Хрватска, неговата екселенција д-р. Драган Ѓурчевски, и директорката на КИЦ, беше договорено презентирање на изложба во Загреб, подготвена од нашиот државен архив по повод Денот на независноста на нашата држава. Изложбата ќе биде промовирана во холот на Хрватскиот државен архив на 7 септември 2026 година.

Посетата беше искористена и за размена на искуства од областа на конзервацијата и реставрацијата, при што претставниците од нашиот државен архив имаа можност да се запознаат со современите методи и технологии кои се применуваат за заштита на архивскиот материјал.

Најнови објави