727440850_122140916625038401_8329295796458933809_n

Државниот архив со своја изложба на отворањето на Скопско лето

Отворањето на фестивалот Скопско лето започна вчера во Музејот на македонската борба најпрво со концертот „Аманет во свила“, а веднаш потоа со свеченото отворање на нашата изложба „Ризница на постоењето: од документ до историја“.

На настанот присуствуваше директорот м-р Димитар Богески, кој имаше свое обраќање пред присутните. Тој го истакна значењето на Државниот архив во чувањето на колективната меморија, нагласувајќи дека архивот е темел на нашата историја и иднина, чувар на културното наследство и мост меѓу генерациите.

Државниот архив е институција што обезбедува континуитет меѓу минатото и сегашноста – секој документ е сведоштво за еден миг од нашата заедничка приказна. Архивот не само што ја чува меморијата, туку и ја претвора во живо наследство достапно за идните генерации.

Фестивалот Скопско лето е симбол на културното живеење во градот – со богата програма што обединува музика, театар, изложби и уметнички изведби. Тој е мост меѓу традицијата и современото творештво, создавајќи незаборавни моменти за сите љубители на културата.

Нашата изложба претставува сведоштво за минатото и богатството на документарното наследство – вистинска ризница која вреди да се види!

Најнови објави