Во Владата на РСМ денеска се одржа работен состанок на министерката без ресор, Зорица Апостолска со директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески. На средбата се разговараше за надминување на досегашните проблеми во врска со постоечката зграда во која е сместен Државниот архив. Во таа насока заеднички уште еднаш e потврдено дека има потреба од нов објект кој ќе ги задоволува европските и светски стандарди за потребите на еден архив. Со тоа, министерката Апостолска и директорот Крстески ја потврдија веќе донесената одлука на Владата на РСМ за решавање на ова повеќегодишно спорно прашање.
Штипскиот архив чува оригинално свидетелство со потпис од Гоце Делчев
Свидетелства, дипломи, нотни записи, црковни книги, ракописи, фотографии се чуваат на долгите полици во депоата
