Германскиот архив прослави јубилеј – 100 години од своето постоење со организирање свечена седница и работен Колоквиум, на кој зедоа учество повеќе еминентни научници и историчари. Како гостин на оваа свеченост во Берлин учествуваше и директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, кој оствари одвоени средби со директорот на Германскиот архив, d-r Michael Hollmann и со неговата заменичка, Frauke Laufhuette. Во разговорите беше нагласена и потребата од проширување на соработката меѓу Државните архиви на двете земји со потпишување договор за соработка, како и за можноста за престој на наши истражувачи-архивисти во Архивот на Германија, со седиште во Кобленц.
Унапредување на институционалната соработка со Државниот архив на Словенија
Во рамки на проектот „Дигитализација на Државниот архив на Македонија – DIG_DARSM“, кој се реализира


