Korica_0002

Архивската документација на Државниот архив – темел на делото „Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“

Неодамна д-р Бранислав Светозаревиќ, вработен во Државниот архив, го објави трудот „Македонци ‒ милениумски сведоштва за идентитетското име“, кое претставува комбинација на зборник и студија. Во него се содржат извори во кои се споменува етнонимот Македонци за жителите и за народот што живееле на историко-географската територија Македонија.  Оттука произлегува и предметот на истражување на ова значајно дело, а тоа е историски заснованото име на современите Македонци. Студијата „Македонци ‒ милениумски сведоштва за идентитетското име“ го опфаќа проучувањето на феномените поврзани со името како идентитетска ознака на посебен народ (како етничка група) и посебна нација (во модерна смисла на зборот).

Korica 0002

Покрај другото, студијата на д-р Бранислав Светозаревиќ дава одговор на прашањето како опстојувало името „Македонци“ низ вековите, од антиката до денес, и како ги одбележувало населението, народот или нацијата што го носеле, главно, во три форми на самосвесна именска идентификација: територијална, народносна и национална.

Во подготовката на овој труд, авторот ја истражувал обемната архивска документација во Државниот архив, при што голем дел од достапните документи се дел од неговата содржина.

Најнови објави

Делегација на Државниот архив предводена од директорот м-р Димитар Богески, учествуваше на состанокот на архивите на државите наследнички на СФРЈ во Сараево

Делегација на Државниот архив предводена од директорот м-р Димитар Богески, учествуваше на состанокот на архивите

Дознај повеќе...