Во јуни 2012 год. донесен е Предлог-законот за архивски материјал, кој е резултат на согледувањата за современите потреби од посоодветно нормативно регулирање на материјата сврзана со заштитата, чувањето, користењето и обработката на архивскиот материјал, инспекцискиот надзор и надлежностите на Државниот архив на Република Македонија. Како основа е земен постојниот закон за архивска граѓа, но ќе бидат внесени бројни новини и подобрувања кои во голема мерка го менуваат и дополнуваат овој закон и сочинуваат нов законски текст.
Во новиот законски текст, за разлика од постојниот се врши поделба на архивскиот и документарен материјал на јавен архивски и документарен материјал и приватен архивски документарен материјал. Во јавниот архивски и документарен материјал влегува документацијата која е создадена од државните органи, институции, јавни претпријатија, општини, правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и тој е сопственост на Република Македонија. Додека приватниот архивски и документарен материјал е сопственост на приватни правни и физички лица. Во новиот законски текст се дадени и дефиниции на одредени поими и изрази што се употребуваат во законот. Посебно се регулира материјата сврзана со електронскиот архивски и документарен материјал. Во законот во две посебни глави се разработени правата и обврските на имателите на јавен архивски и документарен материјал и на приватен архивски и документарен материјал. Со овој закон се дефинираат и документарните центри за прием и времено чување на приватен архивски и документарен материјал. Во посебна глава е разработено користењето на јавниот архивски материјал и посебно се определени подолгите рокови за користење на материјалот. Доуредени се одредбите за инспекцискиот надзор и усогласени се прекршочните одредби.
Превземете: Предлог закон за архивски материјали