679088659_1265255602432673_7764454418235056617_n

Посета на германската амбасадорка Н.Е. Петра Дрекслер на Државниот архив

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, денес оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер.

На средбата се разговараше за унапредување на соработката со германските архивски институции, размена на искуства и реализација на заеднички проекти, при што беше изразена подготвеност за продлабочување на соработката и размена на архивски материјали од заемен интерес.

Во рамки на посетата, амбасадорката ги посети Одделението за конзервација и Одделението за средување и обработка на архивски материјал, каде ѝ беа презентирани архивски документи од особено значење за Македонија, како и дел од најстарите документи што ги поседува Државниот архив.

Најнови објави