popjovan_thumb

РЕГИСТАРОТ НА ПОП ЈОВАН САВЕВ (1914-1918)

Државниот архив на Република Македонија ја објави публикацијата „Регистарот на поп Јован Савев“ во редакција на Илинка Јанева.

Повод да се напише оваа книга е регистарот на свештеникот Јован Савев, во кој се содржани податоци за родени членови, на семејствата на кои им служел од село Оровник и од маалото Геракомија во Охрид.

Регистарот е драгоцен извор за семејствата на Геракомија, особено што тоа е маалото на ревулуционерите Христо Узунов, Петар Чаулев, Методи Патчев, Шахов, Балавчев и други напредни дејци. Во него се содржани драгоцени податоци, кои можат да се најдат само во овој регистар зошто евиденциите т.е. матичните книги на родени, венчани и умрени за Охрид за време на Балканските војни се уништени, изгорени или исчезнати. Јован Савев успеал да го сочува регистарот и покрај сите војни, пљачкосувања и уништувања. Регистарот е чуван во домот на поп Јован сè до 1946 година, кога од страна на тогашните власти од неговиот дом е запленета целата документација, меѓу која и регистарот. На некој начин тој стигнал во архивата на установата Нороден музеј – Охрид, а во 1999 година заедно со друга архива што се чувала во подрумските простори на спомен-куќата на Христо Узунов е преземена од страна на Архивот на Македонија – ПО Охрид.

Регистарот се објавува за првпат, а според годините запишани на внатрешната страна од корицата може да се каже дека датира од 1914 година, но според кажувањата на блиски членови на семејството внесувани се податоци и од 19 век.

Најнови објави