На свеченото отварање на 52-те Рацинови средби во Велес, на ден 11 јуни 2015 година, Кинотеката на Македонија, на Државниот архив на Република Македонија – одделение Велес, му додели Благодарница за исклучителен придонес во збогатувањето на фондот на аудиовизуелни добра на Кинотеката.
Благодарницата ја прими Слободан Ников, раководител на Одделението на Државниот архив на Република Македонија во Велес, при што се заблагодари за добивањето на ова признание од Кинотека на Македонија.
Во оваа пригода беше извршена презентација на филмската поема ,,Бели Мугри,, во режија на Трајче Попов. Овој документарен филм кој е снимен 1952 година, како архивски материјал беше грижливо чуван во Државнот архив на Република Македонија – одделение Велес.