На 20 мај (среда) 2015 година во 13:00 часот, д-р Филип Петровски, в.д. директор на Државниот архив на Република Македонија, во Ликовниот салон во Велес ќе ја отвори изложбата „Обединети сме посилни“.
Презентирањето на изложбата во Велес, како град на културата за 2015 година, е во организација на Државниот архив на Република Македонија – Одделение Велес и Општината на град Велес.
Изложбата е обработена по повод 70-годишнината од победата над фашизмот, а е составена од плакати со антинацистичка пропаганда, фотографии од војниците на Антихитлеровата коалиција како и фотографии од мировните конференции односно средбите на големите светски лидери од тоа време.
Пропагандните плакати и фотографиите прикажани на изложбата се од периодот 1941 – 1945 година.
Изложбата „Обединети сме посилни“ на 6 мај 2015 година беше отворена во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје и таму беше изложена до 15 мај 2015 година.