Од 5 до 11 мај 2015 година во тек е 27. Меѓународен саем на книгата, на кој ќе учествува Државниот архив на РМ. Сите изданија на ДАРМ во време на саемот се продаваат со цени снижени 30 отсто. Работното време на саемот е 10 – 20 часот, а на 11 мај 10 – 17 часот. Државниот архив на РМ ќе ги презентира најновите изданија за познати македонски дејци и ќе изложува публикации од заедничката продукција со издавачката куќа „Македоника литера“. Поединечните влезници на саемот чинат 30 денари, а организираните 20 денари по лице.
Изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се повтори!“ поставена во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар
Со изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се повтори!“, посветена на македонските Евреи, која на